Поврзете се со нас

Италија

Добри вести: Сите играчи и тренери на Интер се негативни на КОВИД-19

Објавено

на

Добри вести за Интер, сите играчи и тренери имале негативни тестови на последното тестирање на КОВИД-19.

Имено во лидерот во Калчото се појави коронавирусот и тоа во управата каде освен Бепе Марота, Пјеро Аусилио и Алесандро Антонели позиитвни беа и адвокатот Анџело Капелини и уште едно неименувано лице, па затоа беа преземени сите мерки за да се види дали истиот е можеби проширен и во екипата.

Меѓутоа според „Скај Спортс Италија“ сите тестови се во ред што во превод значи дека Интер ќе може да ги извршува сите предвидени активности и закажани натпревари.

Калчолигашот Торино има сериозни проблеми со КОВИД-19, па поради тоа беше одложен мечот со Сасуоло, а виси и оној со Лацио кој е на програмата наредната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни