Поврзете се со нас

НБА

Добри вести: Јуинг отпуштен од болница, ќе закрепнува во домашни услови

Објавено

на

НБА легендата, Патрик Јуинг изминатиов викенд го мина во болница откако имаше позитивен тест на коронавирусот, меѓутоа ситуацијата се движи во добар правец и славниот ас на Њујорк Никс ќе продолжи да закрепнува во домашни услови.

Патрик Јуинг заврши во болница-позитивен на КОВИД-19

Оваа информација ја сподели неговиот син кој посочи дека Патрик сега подобро се чувствува и притоа им се заблагодари на сите лекари, медицински лица, но и оние што испратија пораки на поддршка во изминативе денови.

-Сакам да им се заблагодарам на сите лекари и вработените во болницата што се грижea за татко ми за време на неговиот престој, како и на сите кои со своите мисли и молитви допреа до нас откако му беше дијагностициран коронавирусот.

-Мојот татко сега е дома и е подобар. Ние ќе продолжиме да ги следиме неговите симптоми и да ги следиме упатствата на центрите за контрола и превенција на болести. Се надевам дека сите се безбедни, заштитете се себеси и вашите најблиски, -порача Јуинг Џуниор.

Инаку Партик беше еден од најдобрите центри во неговата ера, ас кој не успеа да освои НБА титула, ама затоа освои два златни медали со САД на ОИ во Лос Анџелес и Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни