Поврзете се со нас

Репрезентација

Добри вести: Јакимовски ќе почнe да тренира со репрезентацијата

Објавено

на

Еден од нашите најталентирани играчи, Андреј Јакимовски од утре ќе се приклучи на подготовките на кошаркарската репрезентација која наредниот месец ја очекува претквалификацискиот турнир за Светското првенство, турнир во Скопје на кој ќе играме против Швајцарија и Словачка.

Јакимовски ја мина првата фаза од рехабилитацијата по операцијата на препоните, па почнувајќи од утре ќе почне да работи со колегите од националниот тим со тоа што во прво време ќе тренира одвоено од тимот со стручњакот за физичка подготовка, Александар Кукриќ.

-По оперативниот зафат со кој ги санирав проблемите со препоните, сакам да видам до каде сум со физичката подготовка. Ќе разговарам со селекторот и кондицискиот тренер на нашиот тим, со цел да направам план за работа во наредните денови. Ќе тренирам одвоено од тимот, но сакам да бидам дел од екипата. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира, ми недостасуваат тренинзите со тимот, едвај чекам да бидам на теренот. Нема да форсирам со враќањето, со надеж дека стартот на претквалификациите ќе го дочекам што е можно поспремен, – истакнува Јакимовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни