Поврзете се со нас

Европски првенства

Добри вести: Дамјан Стојановски ќе биде подготвен за Италија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ќе може да смета на услугите на Дамјан Стојановски за завршните дуели против Италија и Естонија во „балонот“ во Перм.

Оваа информација ја соопштија од нашата федерација кои истанаа дека повредата на Стојановски заработена против Русија не е од посериозен карактер, односно лекарскиот тим по неколку третмани го има оспособено и се очекува тој да му биде на располагање на селекторот Александар Тодоров.

Присуството на Дамјан дефинитивно е од големо значање особено во ситуацијата во која се наоѓаме, а истата бара од нас да славиме против Италија и потоа против Естонија за да можеме да се надеваме на пласман на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни