Поврзете се со нас

Балкан

Добри вести: Атсу е пронајден и извлечен од рушевините по земјотресот (ВИДЕО)

Објавено

на

Разорниот земјотрес во Турција и Сирија донесе најмалку 4000 жртви, бројка која сигурно дополнително ќе расте во наредниот период.

Меѓутоа во исто време постои надеж дека што повеќе луѓе ќе можат да се излечат од рушевините по земјотресот, а еден од оние кој имаше среќа е фудбалерот чие име најмногу се споменува овие два дена-тоа е Кристијан Атсу.

Долго време се трагаше по членот на Хатајспор, потрага која донесе резултат затоа што офанзивецот иако е повреден е извлечен и испратен во болница.

-Кристијан Атсу беше извлечен од урнатините со повреди. За жал, нашиот спортски директор Танер Савут е сè уште под рушевините. Хатаи е длабоко погоден. Одиме кон крајот на најопасните часови, -порача Мустафа Озат од Хатајспор.

Инаку Атсу е поранешен играч на Њукасл, Порто, Евертон, Челси кој од минатата година настапува во Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни