Поврзете се со нас

Европски првенства

Добри вести: Ангеловски ќе може да смета на 26 играчи на ЕП

Објавено

на

Македонија ја очекува историски настап на Европското првенство каде во групната фаза ќе ги одмериме силите со Холандија, Украина и Австрија.

За овие средби селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на 26 играчи, односно сите репрезентации ќе имаат поширок, поголем ростер за овој шампионат. Оваа одлука треба да биде само официјално потвредена од извршниот одбор на УЕФА, а истата се носи со цел да се намали оптеретувањето кај фудбалерите по напорната сезона која беше дополнителна отежната поради пандемијата со коронавирусот.

Со ваквиот извор Ангеловски и сите останати селектори ќе имаат можност за поголеми ротации, да може некој играч да се замени ако се повреди, зарази со коронавирусот…

Од претходно е познато дека за време на ЕП ќе бидат дозволени по пет замени на натпреварите.

Првенството започнува на 11 јуни и ќе трае до 11 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни