Поврзете се со нас

Лига Европа

Добредојдовте во пеколот: Навивачите на Галатасарај ги „поздравија“ играчите на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Денеска се играат реваншите од осминафиналната фаза на Лига Европа, а еден од дуелите кој предизвикува внимание е оној меѓу Галатасарај и Барселона.

Турскиот претставик оддолеа на „Камп Ноу“ и со тоа дефинитивно се кренаа апетитите не само кај играчите туку и кај навивачите кои веруваат дека шпанскиот великан може да падне во Истанбул.

Позната е жешката атмосфера која знаат да ја направат турските фанови, познатиот поздрав „Добредојдовте во пеколот“, па како дел од таа епизода поддржувачите на Галатасарај рано утрово (околу четири часот) направија пиротехнички шоу во или поточно до хотелот каде е сместена експедицијата на каталонците.

Останува да видиме дали оваа тактика, потег ќе вроди со плод, дали избраниците на Чави останеле без сон и имаат проблеми на вечерашниот натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни