Поврзете се со нас

Германија

Добрата шанса на Чурлинов беше најава за јуначкиот пресврт на Штутгарт (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги доби првите минути во германската втора Бундеслигата по долгата корона пауза, и тоа во херојскиот пресврт кој го изрежира Штутугарт во дерби мечот со Хамбургер.

Домаќините од „Мерцедес Бенц“ стадионот делуваа загубено во првите 45 минути и имаа негатива од 0:2 откако за Хамбургер погодија Појанпало и Хунт, но второто полувреме беше комплетен контраст и имаше промена на улогите.

Штутгарт успеа да изрежира епски пресврт, а победата беше посебно слатка бидејќи победничкиот гол за 3:2 беше постигнат во 92-та минута.

Гонзало Кастро се претвори во јунак за домашниот тим, а претходно во листата на стрелците се запишаа Ендо и Гонзалес кои израмнија на 2:2 до 60-та минута.

Нашиот Чурлинов доби шанса во 78-та минута и имаше еден добар обид за погодок кој го неутрализираше голманот, што всушност беше најава за победоносниот гол на Кастро. Со овој триумф, Штутгарт го прескокна Хамбургер и сега е на второто место во Бундеслига 2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни