Добра ждрепка за фаворитите, две дерби италијанско-германски пресметки во ЛЕ

le zdrepka

Откако ги добивме осминафиналните парови за Лигата на шампионите во Нион беше извршена и ждрепката за 1/16 финалето во Лига Европа.

Во оваа фаза на натпреварувањето ќе видиме навистина интересни мечеви, имаме две германско италијаски пресметки меѓу Борусија Дортмунд-Аталанта и Наполи-Лајпцинг. Доста неизвесно се оечкува да биде на двобојот меѓу Селтик и Зенит, Лион-Вилјареал, додека пак солидни ривали добија можеби галвните фаворити за пехарот Атлетико Мадрид, Арсенал и Милан.

Атлетико ќе се соочи со ФК Копенхаген, Арсенал ќе излезе на мегдан против големото шведско изненадување Остерсунд, а пак Милан ќе ги одмери силите со бугарскиот шампион Лудогорец. Спортинг на нашиот Стефан Ристовски за да дојде до осминафиналето ќе мора да го мине казахтанскиот прволигаш Астана.

Првите средби се закажани за 15 февруари, додека реваншите се на програмата наредната седмица (22 февруари).

Двојки за 1/16 за ЛЕ:

Борусија Дортмунд-Аталанта

Ница-Локомотив Москва

ФК Копенхаген-Атлетико Мадрид

Спартак Москва-Атлетик Билбао

Селтик-Зенит

АЕК-Динамо Киев

Наполи-РБ Лајпциг

Црвена Звезда-ЦСКА Москва

Лион-Вилјареал

Реал Сосиедад-Салзбург

Партизан-Плзен

Астана-Спортинг Лисабон

Лудогорец-Милан

Стеауа-Лацио

Марсеј-Брага

Остерсунд-Арсенал

Facebook Коментари