Поврзете се со нас

Македонија

Добра вест за Вардар: Стоилов е единствениот играч со позитивен тест на КОВИД-19

Објавено

на

Капитенот Стојанче Стоилов е единствениот ракометар на Вардар кој е заразен со коронавирисот. Имено откако стана јасно дека Стоилов има здравствени проблеми, поточно има КОВИД-19 сите останати членови, играчи на „црвено-црните“ направија тестови кои покажале негативни резултати.

Ова значи дека Столе одредено време ќе биде во изолација, додека останатите ќе можат да им се вратат на обврските, тренинзите и да се подготвуваат за реваншот со Нексе во четвртфиналето на СЕХА лигата.

Дуелот меѓу Вардар-Нексе е закажан за 29 август, а избраниците на Алушовски ќе го започнат мечот со предност од еден погодок (31-30).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни