Свет
Добра вест за репрезентативецот: Велковски си пронајде нов клуб (Фото)

Дарко Велковски остава зад себе непријатен период во кој доста време си бараше нов клуб, но денеска пристигна информација дека македонскиот репрезентативец конечно пронашол нова средина.
Стоперот во изминатите шест месеци единствените настапи ги имаше како член на националниот тим кој го води Благоја Милевски, но сега за новите предизвици кои следат од март може да се бори за место како играч со натпреварувачки ритам.
Унгарскиот клуб Нирегихаза Спартак ова попладне соопшти дека му понудил договор на Македонецот за соработка до крајот на сезоната, со опција истиот да биде продолжен.
– Мислам дека унгарското првенство е многу добро, а клубот располага одлична инфраструктура и модерен стадион.
– Би сакал да одиме напред во поредокот, сакам да му помогнам на Спарта да ја оствари својата цел. Ми се допаѓаат целите на раководните луѓе, како и стилот на игра кој ми беше претставен од стручниот штаб. Среќен сум што кариерата ја продолжувам во овој клуб, – гласи изјавата на Велковски.
Нирегихаза Спартак се бори за опстанок во елитата, па јасно е дека цел на Велковски и неговите нови соиграчи ќе биде да избегнат испаѓање во Втора лига.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…