Добра вест за Македонија и навивачите: Далечниот Трондхајм е избегнат, ќе играме во Австрија или Шведска

kuzmanovski

Македонија со вчерашната победа над Грција го заокружи квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година кое ќе се одржи во три земји-Норвешка, Австрија и Шведска.

Поради добрите настапи во квалификациите и освоеното прво место во групата 3, нашите ракометари ќе се најде во вториот шешир за ждрепката која на 28 јуни ќе се одржи во Виена. Веќе пред истата добивме една позитивна вест, а тоа е дека нема да играме во Норвешка и далечниот Трондхајм што секако е и позитивна информација за нашите навивачи.

Имено Германија како и домаќинот Норвешка се исто сместени во вториот шешир, односно однапред се знае дека ќе бидат дел од групите Ц и Д кои се играат во Трондхајм што за нас значи дека остануваат во игра само останатите опции Грац, Виена, Малме и Гетеборг.

Во овој нов формат од 24 тимови ќе се одиграат 65 мечеви во период од 15 денови. Од шесте групи пласман во главната фаза ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од А, Б, Ц, Д, Г и Ф друштвото.

sesiri-grupi

Facebook Коментари