Поврзете се со нас

Англија

Добра вест за Арсенал: Голема ѕвезда се враќа во тимот по пауза од неколку месеци

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал во вторник ќе се соочи со Фулам во нов натпревар од Премиер лигата, а истиот може да биде одбележан и со враќањето на еден важен првотимец на Микел Артета.

Букајо Сака ќе биде во ростерот на „топчиите“ за лондонското дерби и тоа ќе му биде прво влегување во протоколот по декември минатата година.

Сака кој важи за клучен офанзивен играч на Арсенал, заработи посериозна мускулна повреда на дуелот со Кристал Палас и мораше да биде опериран, а по неколку месеци рехабилитација, сега е подготвен да се врати на терените.

Јасно е дека Артета нема да брза со враќањето на Сака и шансите да добие минутажа против Фулам се минимални, но сите во Арсенал, па и фановите, се надеваат дека англискиот репрезентативец ќе биде подготвен за двомечот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, Арсенал веќе ги започнал преговорите со застапниците на Сака околу продолжување на договорот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни