Доби зелено светло од ЕХФ: Металург и следната сезона ќе игра во ЛШ!

Metalurg-Motor-Jovic

Македонскиот вицепрвак, Металург и во наредната кампања ќе биде дел од најелитното натпреварување на стариот континент Лигата на шампионите.

Клубот од Автокоманда доби вајлд карта или поточно доби зелено светло од Извршната комисија на ЕХФ во Глазгов, па во кампањата 2018-2019 година ќе биде дел од групите Ц или Д. Ова секако е одлична вест за нашиот ракомет со оглед на тоа што повторно ќе имаме двајца наши преставници со тоа што Вардар ќе биде дел од поквалитетното друштво од групите А или Б.

Ова е последна година во која ЛШ се игра по овој систем со 28 учесници. Ждрпеката за групите ќе биде одржана на 29 јуни од 12:30 часот во Виена.

Facebook Коментари