Поврзете се со нас

Балкан

Доби топка во празно и мајсторски реализираше: Јаховиќ повторно стрелаше за Гезтепе (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ даде уште еден гол во дресот на Гезтепе во најсилната фудбалска конкуренција во Турција.

Јаховиќ беше стрелец на единствениот погодок за Гезтепе во ремито против Трабзонспор од 1-1. Поранешниот македонски репрезентативец доби топка во празно од соиграчот Диабате, топка која ја стигна и потоа мајсторски, рутински ја смести зад грбот на голманот Чакир.

Ова за Адис беше 5. гол во оваа средина, вкупно шести во сезоната со оглед на тоа што еден даде за Анталијаспор.

Гезтепе со 48 бода е на 10 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни