Поврзете се со нас

Балкан

Добар почеток за Цујо: Аврамовски донесе победа за Болуспор (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Boluspor

Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски има добар почеток на приказната со Болуспор, тим на кој вечерва му донесе победа во втората лига на Турција.

Нашиот ас го постигна единствениот гол на пресметката против Санлиурфаспор и тоа во 50 минута кога биеше прецизно од прва. Ова за популарниот Цујо беше втор гол на третата средба во новиот тим и тоа е јасна потврда дека ќе биде големо засилување.

Со вкупно 29 бода Болуспор се наоѓа на 9 место на табелата, поточно има четири поени од екипите кои во моментов се во плејоф зоната за разигрување за првата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни