Поврзете се со нас

Шпанија

До последен ден го даваше својот максимум: Баерн обоен во црно поради смртта на клупска легенда (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен како елитна институција ова попладне соопшти вест која открива дека клубот е завиен во црно овој викенд, сето тоа како последица на смртта на долгогодишниот кондициски тренер.

Баварскиот велика со огромна жалење ја извести јавноста дека Томас Вилхелми починал денеска на 57-годишна возраст, откако легендарниот тренер конечно потклекнал во биткта со болеста која ја имал со години.

И покрај здравствените проблеми, Томас до последен ден го даваше максимумот и беше дел од стручниот штаб на Томас Тухел, а претходно во 17-годишната етапа во Баерн соработуваше и со Јуп Хајнкес, Луи Ван Гал, Пеп Гвардиола, Отмар Хицфелд, Јирген Клинскам, Карло Анчелоти, Ханси Флик, Нико Ковач и Јулијан Нагелсман.

– Целиот наш клуб во моментов е во длабгока така за Томас Вилхелми. Томас го сакаше и живееше за Баерн и неговата професија: секогаш имаше прст на пулсот на играчите и секогаш беше тука за нив, особено за време на периоди на повреди, кога на врвните спортисти им треба најмногу охрабрување.

– Повеќе од 17 години беше дел од стручниот штаб зад тимот и сите се потпираа на него. Тој е заслужен за многуте титули кои се освоени во изминатиот период, ние никаогаш нема да го заборавиме Томас, неговите човечки и професионални квалитети секогаш ќе бидат дел од семејството на Баерн, – изјави Јан Кристијан Дрезен, извршниот директор на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни