Поврзете се со нас

Шпанија

Дмитровиќ стана втор голман кој не реализирал пенал во Ла Лига последните две децении (Видео)

Објавено

на

blank

Српскиот голман Марко Дмитровиќ вторпат сезонава доби шанса да изведе пенал за својот клуб Еибар, но вечерва работите не се одвиваа како што посакуваше тој.

За разлика од реализираниот пенал против Атлетико Мадрид, Дмитровиќ вечерва не успеа да постигне гол од белата точка во многу значаен момент, на гостувањето кај Кадиз.

Еибар губеше со 1:0 и во 77. минута имаше шанса да израмни преку Дмитровиќ, но голманот на гостите не го совлада својот колега од противничката екипа.

До крајот Кадиз ја задржа предноста, па Еибар ќе жали што пропушти добра можност да биде поблиску до бод, а Дмитровиќ е само втор голман во 21. век кој не реализирал пенал во Ла Лига. Истото го направи и Аргентинецот Алберто Бизари на дуелот меѓу Валјадолид и Реал Сосиедад во 2004 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни