Диви блескаше на дебито и му донесе голема победа на Кремс (Видео)

Angelov-Mitkov

Поранешниот македонски репрезентативец, Петар Ангелов пред неколку дена го прифати предизвикот и се пресели во австрискиот прволигаш Кремс, а веќе на првиот меч покажа дека ќе биде големо засилување.

Популарниот Диви блескаше на голот на новата екипа и со тоа овозможи триумф на гостувањето кај Вест Виена со 25-23 во првото коло од плеј-оф лигата. Ангелов беше посебно импресивен во самиот финиш кога се кршеше резултатот, а со своите интервенции ги крена и соиграчите од клупата.

Вториот Македонец во Кремс, Влатко Митков даде два гола, а пак најпрецизен беше Јохман со 8 погодоци.

ОВДЕ можете да видете дел од одбраните на Ангелов.

Facebook Коментари