Дивац со едноставно објаснување зошто Сакраменто не го избра Дончиќ на НБА драфтот

vlade-divac3

Сакраменто Кингс имаше можност да бира втор на НБА драфтот, но Владе Дивац и неговите соработници не се решија за Лука Дончиќ, туку за Марвин Бегли кој доаѓа од универзитетот Дјук.

Дончиќ заврши како трет пик избран од Атланта, по што беше испратен во редовите на Далас, а Дивац по драфтот едноставно ја објасни одлуката на неговиот клуб да го избере Бегли пред словенечкиот репрезентативец.

– Бегли ќе биде подобро засилување за нас. Тој е подобар играч, се работи за голем талент и немавме многу дилеми. Според моето мислење, тој е елитен талент на овој драфт, лесно ја донесов одлуката кога ни дојде редот да бираме, – истакнал Дивац.

Facebook Коментари