Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дисингер даде коментар за шансите на Вардар за титула во ЛШ

Објавено

на

blank

Германскиот бек, Кристијан Дисингер и во наредната сезона ќе биде дел од екипата на Вардар.

Тој се согласи да остане во Скопје и да биде дел од „новиот“ Вардар под водство на Михајло Михајловски.  Дисингер дефинитивно треба да има значајна улога во составот иако „црвено-црните“ веќе договорија доста имиња како Филип Талески, Гоце Георгиевски, Робин Кантегрел, Јосип Векиќ, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски и Марко Вујин и Патрик Валчак.

Со ова вардарци имаат респектабилен тим кој ќе има што да каже и во ЛШ, нешто во кое е убеден германскиот интернационалец.

-Вардар ќе има солиден состав. Михајловски е бизнисмен кој е сериозен и сака екипата да ја одржи во европскиот врв. Можеби нема да ја освоиме ЛШ, ама дефинитивно има потенцијал во овој состав. Во клубот дојдоа спонзори, има нова структура, не е како порано кога се зависеше од еден човек, -истакна Дисингер за Брз Центар“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни