Поврзете се со нас

Шпанија

Дисциплниците донесоа одлука, Белингам ја дозна казната за црвениот картон против Осасуна

Објавено

на

foto:x.com/MirrorFootball

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам ја дозна казната за црвениот картон што го доби на лигашката пресметка против Осасуна.

Англискиот репрезентативец беше испратен во соблекувалната уште во првиот дел и тоа поради навреда на главниот судија Хосе Луис Мунуера Монтеро. Арбитарот во својот извештај имаше напишано дека играчот искажал непочитување кон него и му порачал  “Fuck you”, зборови кои Џуд ги демантираше исракнувајќи дека се работи за недоразбирање, комуникациска грешка.

Во изминативе денови Мунуера Монтеро беше под голем притисок, доби доста навреди, смртни закани кон него и семејството, а денеска пак дисциплинската комисија, тело ја објави казната за Белингам и таа изнесува само два натпревари.

Играчот на Реал можеше да биде испратен на ладење меѓу четири и дванаесет мечеви, меѓутоа тоа сценарио нема да се реализира и Џуд ќе ги скокне пресметките со Џирона и Бетис на „Бернабеу“, односно „Бенито Вилјамарин“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни