Поврзете се со нас

Англија

Дисциплинското тело во Англија донесе одлука за контроверзниот црвен картон кој го разлути Артета

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал се подготвува за утрешниот последен предизвик во првата фаза во Лигата на шампионите, но во најавата за дуелот со Џирона, Микел Артета доби една позитивна вест кога е во прашање контроверзниот момент од изминатиот викенд.

„Топчиите“ после голема борба го победија Волвс во натпревар во кој цело второ полувреме го играа со фудбалер помалку, а токму моментот од крајот на првиот дел предизвика многу реакции во јавноста, или поточно негодувања од експертите и од менаџерот Микел Артета кој беше бесен по натпреварот.

Исклучувањето на младиот Мајлс Луис-Скили беше во најмала рака контроверзно, но покрај тоа што грешката на Мајкл Оливер беше евидентна, уште почудно беше тоа што немаше интервенција од ВАР собата.

Луис-Скили беше испратен на предвремено туширање поради старт направен на 80 метри од голот на Арсенал, па откако клубот достави жалба, ФА денеска реши да ја прифати истата.

Наместо да паузира три натпревари во Премиер лигата, Луис-Скили ќе му стои на располагање на Артета уште за следниот меч, сето тоа откако дисциплинците на ФА ја поништија суспензијата која автоматски му следуваше.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни