Македонија
Дисциплинската комисија изрече казни за Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска ги одреди казните за последните посериозни инциденти во првата и втората македонска лига.
Прволигашот Тиквеш чиј терен беше суспендиран поради инцидентот на дуелот со Вардар, доби забрана да ги игра следните два натпревара на свој терен и истите како домаќин ќе треба да ги организира на најмалку 100 километри оддалеченост од Кавадарци.
Идентична казна заработија и второлигашите Башкими и Вардар Неготино, на чии терени исто така се случија инциденти на последните натпревари.
Во Кавадарци, удрен со тврд предмет беше еден од асистентите на главниот судија Александар Ставрев, по што овој го прекина дуелот меѓу Тиквеш и Вардар.
Башкими е казнет за инцидентот при соочувањето со Беласица, додека Вардар Неготино за случувањата на дуелот со Охрид.
-
Шпанија18 часа
Шефот на ВАР системот во Шпанија даде објаснување за поништениот гол на Левандовски (Фото)
-
НБА19 часа
Урнебес: Јокиќ се мачеше со еден англиски збор, па почна да пцуе на српски (Видео)
-
Италија23 часа
Чалханоглу доживеа нешто што не го искусил како играч на Интер : Не мораше баш сега….. (Видео)
-
Англија17 часа
Јунајтед го расчисти прашањето за иднината на Ван Нистелрој на „Олд Трафорд“
-
Репрезентација17 часа
Фудбалерите се собраа, започнуваат подготовките за завршницата во Лигата на нации (ФОТО)
-
Европски првенства16 часа
Пешевски е автор на еден од најубавите голови во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Рафиња ги исмева Шпанците за поништениот гол на Левандовски (Фото)
-
Англија14 часа
Премиерлигашки судија суспендиран поради навреди кон Клоп и Ливерпул (ВИДЕО)