Поврзете се со нас

Европски првенства

Дисциплинците во акција: УЕФА отвори истрага за однесувањето на Даку

Објавено

на

Албанија вчера во драматичен финиш успеа да остане непоразена со фаворизираната Хрватска (2-2) и со тоа ги задржа шансите за пласман во наредната фаза на Европското првенство.

Овој резултат донесе радост кај навивачите, но и кај фудбалерите, ама некои граници беа надминати и сега УЕФА отвори истрага која би требало да донесе казна санкции како за Албанците така и за Хрватите.

Во целата оваа приказна бевме и ние спомнати, Македонците/Македонија од страна на играчот на Рубин Казањ, Мирланд Даку, а тие негови навреди допреа до дисциплинците кои поведоа истрага.

ФФМ излезе со официјално соопштение за албанскиот репрезентативец кој испрати навреди кон Македонците на ЕП (Видео)

-Во врска со натпреварот од групната фаза на УЕФА Европското првенство 2024 меѓу селекциите на Хрватска и на Албанија одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија, е отворена истрага во врска со наводното непристојно однесување на играчот на Албанија, Мирлинд Даку. Дополнителни информации за овој случај ќе бидат достапни подоцна, -порачаа од УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни