Поврзете се со нас

Италија

Дисциплинците ја одредија казната за стартот на Мењан, Сари доби суспензија на еден натпревар

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан ја победи Џенова, иако на крајот Оливие Жиру мораше да застане на голот како замена за исклучениот голман Мајк Мењан, кој доби црвен картон поради стартот над Екубан од противничкиот тим.

„Росонерите“ стравуваа дека дисциплинската комисија може да испорача подолга суспензија за Мењан поради карактерот на стартот, а посебно и откако претседателот на Џенова го опиша како „обид за убиство“.

Сепак, Мењан на крајот доби само еден натпревар суспензија, односно класична дисквалификација по добиен црвен картон и ќе го пропушти само дербито со Јувентус.

Милан на овој дуел ќе биде ослабен и поради суспензијата на Тео Ернандес, кој нема да настапи поради акумулирани пет жолти картони во досегашниот тек на сезоната во Серија А.

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, доби суспензија на еден натпревар и казна од 10.000 евра откако беше исклучен на дербито со Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни