Италија
Дисциплинците ја одредија казната за црвениот картон на Жиру

Дисциплинската комисија на Серија А ги донесе одлуките за суспензиите на фудбалерите, тренерите и официјалните лица, а конечно стана јасно и каква казна ќе добие Оливие Жиру.
Французинот доби два жолти картони на дуелот со Лече, но поради конфликтот со судијата ризикуваше подолга суспензија, за на крајот да биде решено напаѓачот да ги пропушти следните две средби во италијанскиот шампионат.
Тоа значи дека Стефано Пиоли нема да смета на голгетерот на дуелите со Фиорентина и Фрозиноне на домашен терен.
Голем број раководни лица и членови на стручниот штаб на Лече се казнети парично и со суспензии поради протестите кон официјалните лица по поништениот гол во завршницата на мечот.
Поради акумулирани ж0лти картони ќе бидат суспендирани пет фудбалери, а најзначајно ќе биде отсуството на Луис Алберто во редовите на Лацио.
Еден натпревар суспензија добиле и Лука Раниери, Мартен Де Рон, Давиде Фараони и Илбер Рамадани.
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 24 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат