Поврзете се со нас

Италија

Дисциплинците имаа многу работа по средбите од Копа Италија, најголема казна доби Манчини од Рома

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Дерби пресметките меѓу Лацио и Рома секогаш носат дополнителна тензија на теренот, а последното нивно соочување во Купот заврши со неколку црвени картони, покажани во судиското надополнување.

Навивачите на Лацио испратиле и расистички навреди на сметка на Ромелу Лукаку, па четири сектори од трибините ќе бидат затворени за дуелот со Наполи, а римскиот клуб ќе плати и 50.000 евра парична казна.

За случувањата на теренот, Џанлука Манчини добил најголема казна, односно три натпревари суспензија, затоа што по црвениот картон се однесувал агресивно кон судиите, им порачувал на фудбалерите да не се ракуваат со официјалните лица, а сакал да се пресмета со судиите и пред нивната соблекувална.

Жозе Мурињо добил еден натпревар суспензија, исто како и Антонио Миранте, Педро и Лука Пелегрини, додека Сардар Азмун нема да игра на следните две средби од италијанскиот куп,.

Исклучен беше и Џан Пјеро Гасперини на дуелот меѓу Милан и Аталанта, а поради тоа е суспендиран на два натпревара, односно нема да биде на клупата на полуфиналните дуели против Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни