Поврзете се со нас

Шпанија

Дисциплицните ја исправија неправдата: Антони ќе може да игра против Реал, дозна за тоа на тренингот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/RealBetis

Антони брзо се адаптираше на шпанскиот фудбал и почна да ги прикажува своите најдобри игри, оние на кои навикнавме од времето кога доминираше во Ајакс.

Бразилскиот фудбалер брилјираше и на последниот натпревар со Хетафе и имаше величествена соло акција пред да му намести гол на Иско, но на крајот натпреварот го заврши со лош впечаток поради добиен црвен картон.

Судија без размислување го исклучи офанзивниот фудбалер поради старт од зад грб, но бидејќи повторените снимки не покажаа дека има било каков контакт со противничкиот играч, дисциплинците сега решија да го помилуваат Бразилецот.

Суспензијата за зимското засилување на Бетис е повлечена и Антони ќе може да настапи веќе на следниот меч во Ла Лига, а тоа ќе биде големото дерби со Реал Мадрид.

Оваа вест прв ја објави Бетис, но клубот реши да ја долови и првата реакција на Антони откако дознал дека ќе може да игра против Реал оваа сабота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни