Поврзете се со нас

Лига Европа

Диригентот Дибала се погрижи за нова ерупција на „Олимпико“, Арсенал остана непоразен во Лисабон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома максимално профитираше од подоброто отворање и подоброто затворање на мечот против Реал Сосиедад, со што успеа да дојде до нависитна убава предност пред реваншот кој се игра во Шпанија.

Пауло Дибала беше диригент на новата важна победа која ја оствари Рома и тој беше креатор на двете акции по кои падна гол, со тоа што во првата акција, важни беа и Ејбрахам и Ел Шарави кој погоди за 1:0.

„Фараонот“ стрелаше во 13-та минута за предност на домашниот тим, а овој резултат беше активен се до 87-та минута. Фантастичниот корнер на Дибала го претвори во гол извонредниот Кумбула, кој со цела сила ја смести топката во мрежата и го постави конечниот резултат.

Доста поизедначено вечерва беше во Лисабон, каде Спортинг и Арсенал дадоа по два гола и конечните 2:2 ветуваат дека ќе биде доста возбудливо и во Лондон.

Арсенал поведе преку Салиба, Инасио израмни на идентичен начин по изведен корнер, а по еден гол видовме и во второто полувреме. Паулињо погоди за 2:1, но Арсенал се врати и израмни на 2:2 благодарение на автоголот на Морита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни