Поврзете се со нас

АТП

Директорот на Ролан Гарос: Нема да ги направиме грешките на организаторите на „Адрија тур“

Објавено

на

Организаторите на Ролан Гарос се убедени дека тенискиот грен-слем ќе се одржи и покрај променетиот термин и постојаната закана во вид на коронавирусот.

Директорот на турнирот, Ги Форже најави строги мерки на претпазливост за време на турнирот и индиректно го искритикува Новак Ѓоковиќ како организатор на „Адрија тур“.

– Ако дојдете со вашиот пријател или сопруга, ќе мора да оставите празно место до вас. На децата кои ги собираат топчињата ќе им биде забрането да ги допираат пешкирите на играчите, а целта е да се заштитат сите инволвирани на турнирот.

– Ќе правиме тестови според препораките на француската влада, а ќе има и многу тоалети околу терените и стадионот, за посетителите да можат да ја одржуваат хигиената. Сите што ќе влезат во комплексот, ќе мора да носат маски, ќе направиме се за да го спречиме ширењето на вирусот, – истакнал Форже, коментирајќи ја и организацијата и проблемите кои се јавија по турнирите во Белград и Задар.

– Можеби одредени луѓе беа пресамоуверени таму. За среќа не се случи некој поголем проблем, но дури и неколку случаи се многу и ние сакаме да го избегнеме тоа сценарио, – дополнил Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни