Поврзете се со нас

Италија

Директорот на Наполи објаснува: Бевме уценети од Кварацхелија, Гарначо не пристигна поради една причина!

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Антонио Конте едвај го дочека крајот на зимскиот преоден рок во кој го загуби најдобриот играч во својот тим, но за да биде уште полошо, Наполи како клуб не успеа да издејствува трансфер и да му донесе адекватна замена.

Иако „наполитанците“ долго преговараа со Манчестер Јунајтед и испратија официјална понуда, на крајот до зделка не дошло поради високите барања на фудбалерот, а тоа денеска го откри спортскиот директор на клубот, Џовани Мана.

– Благударни сме му на Квара за се она што го направи за Наполи, за радоста која му ја донесе на градот Неапол. Се обидовме да решиме комплицирана работа со него уште во месец јули, првично ни успеа, но потоа следеше уште потешка работа во ноември и декември.

– На крајот, бевме принудени да го продадеме во овој зимски преоден рок, бидејќи се најдовме во навистина деликатна ситуација, практично бевме уценети. Нема да кажам дека бевме целосно уценети, но речиси да беше така. Беше неопходно да го продадеме уште во јануари, – објаснува Мана, кој потоа се осврнува на неисполнетата желба на Конте.

– Изгубивме важен играч во тимот, најдобриот според статусот кој го имаше во Наполи, но јануари е навистина тежок месец за зделки. Најдобрите играчи обично не сакаат да прават трансфер, а некои барања беа неусогласени со реалните финансиски параметри. Ние го сакавме Гарначо уште пред да си замине Квара.

– Испративме значајна понуда до Манчестер Јунајтед и бевме блиску до трансфер. Сепак, за да направи трансфе во јануари, фудбалерот побара да биде финансиски обесштетен, а тоа беше нешто што не можевме и не сакавме да го направиме. Сметаме дека тоа немаше да биде фер кон актуелните играчи во тимот, во Наполи има поставена јасна структура за тоа како изгледаат платите на играчите од првиот тим, – објаснува Мана.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни