Поврзете се со нас

НБА

Директорот на Кливленд му се смееше на Леброн, па доби животна лекција за паметење од „кралот Џејмс“ (Видео)

Објавено

на

Леброн Џејмс постигна најмногу поени на мечот против Кливленд од стартот на сезоната и буквално сам го победи својот поранешен тим во последната четвртина, сето тоа откако по крајот на третиот период доби провокација која буквално им се удри од глава на Кавалирси.

„Кралот Џејмс“ бил иронично исмеан од еден од директорите на Кливленд во ситуација кога го утна последниот шут со кој беше затворена третата четвртина, по што следеше негова кошаркарска рапсодија во одлучувачките 12 минути.

Леброн направи сам пресврт и постигна 21 од вкупно 28 поени на Лејкерс во последната четвртина, искажувајќи го гневот на паркетот на најдобар можен начин. Од десет шутеви во последната четвртина, дури девет беа прецизни, па покрај стандардните влезови, беше одличен и со шутевите за три поени (3 од 4).

Со ова издание, Леброн јасно стави до знаење дека никогаш не треба да биде испровоциран, лекција која сигурно добро ја научија неговите поранешни работодавци кои често сакаат да го налутат.

– Не ми кажа ништо посебно, но преексплицитно го славеше моето промашување и се смееше. Имате илјадници камери во салите, проверете едно од нив и ќе ја видите неговата реакција по мојата утка во третата четвртина. Добро за него е што има можност да ме гледа еднаш годишно во Кливленд, – порача нервозниот Леброн по победата од 108:115.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни