Балкан
Директорот на Хајдук: Трајковски доби подобри финансиски понуди, но покажа карактер и потпиша за нас

Стандардниот македонски репрезентативец, Александар Трајковски ја продолжува кариерата во Хрватска и тоа во еден од најдобрите клубови, актуелен лидер во шампионатот, тимот на Хајдук.
Трајковски на посебен начин промовиран во Хајдук: It’s never too late…(ВИДЕО)
Трајковски стави потпис на договорот до 2025 година со опција истиот да може да биде продолжен за уште една сезона. Напаѓачот беше задоволен што доаѓа во оваа средина, но истото важи и за самиот клуб кој обелодени дека Трајковски одбил далеку подобри понуди само за да слета на „Пољуд“.
-Трајковски е профил на играч кој го баравме на пазарот. По договорот со нас, тој доби уште неколку понуди, финансиски подобри за него, но го покажа својот карактер и реши да премине во Хајдук. Тој е сестран офанзивен играч чии основни позиции се лево крило и централен напаѓач. Со оглед на тоа што играчот беше слободен во изминатиот период, ќе му треба малку време за да се прилагоди и да постигне оптимална форма.
-Тој е многу искусен играч кој е стандарден репрезентативец на Македонија. Со неговиот ангажман, на нашиот тренер му даваме можност за поширок ростер на играчи во офанзивниот дел на тимот – истакна спортскиот директор Миндаугас Николичиус.
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки