Поврзете се со нас

Германија

Директорот на Баерн ја потврдил конечната понуда за Дејвис и принципот „земи или остави“

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен не сака да се откаже од Алфонсо Дејвис, но доколку фудбалерот не ја прифати понудата за нов договор, тогаш ќе добие можност да потпише за друг клуб во летниот преоден рок.

Канадскиот репрезентативец има уште една година од договорот со бундеслигашот, па Баерн ќе се согласи на продажба ова лето, бидејќи не сака да го загуби квалитетниот фудбалер без никаква отштета во 2025 година.

Спортскиот директор Макс Еберл потврдил дека Баерн ја испратил последната понуда до агентите на Дејвис и таа подразбира годишна плата која би се движела меѓу 11 и 13 милиони евра, а фудбалерот би потпишал до 2029 година.

Истовремено, Баварците не планираат да лицитираат со дополнителни суми и ни во еден момент не помислиле да го исполнат барањето на агентите за годишна плата од 20 милиони евра.

Медиумите тврдат дека најблиску до Дејвис е Реал Мадрид и желба на фудбалерот е да се пресели во редовите на шпанскиот великан, кој веќе е добро упатен во условите кои ги бараат агентите на Канаѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни