Поврзете се со нас

АТП

Директорот на Аустралијан Опен со предупредување до семејството Ѓоковиќ пред финалето

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Срѓан Ѓоковиќ несакајќи се стави во средина на политичка скандал во Мелбурн парк откако позираше со навивачи на својот син кои имаа транспаренти со про-руски натписи, но величењето на фигурата на Владимир Путин е она што посебно ги разлути медиумите од западна Европа, но и оние во Австралија.

Таткото на Новак привлече големо медиумско внимание и поради тоа реши да го пропушти вчерашното полуфинале кое го играше неговиот син, но откако се јави со соопштение, денеска стана познато дека семејството Ѓоковиќ одработило состанок и со првиот човек на турнирот.

Крег Тајли побара од семејството на Србинот да биде внимателно и за време на финалниот меч против Циципас, кога се очекува да има набој на емоции поради големиот број српски и грчки фанови во Мелбурн.

– Минав долго време разговарајќи со семејството Ѓоковиќ на оваа тема. Мој совет до нив е да бидат внимателни и во финалето, бидејќи ова е случување кое има големо глобално значење. Кога има илјадници луѓе пред портите на Мелбурн парк, нормално е да има и такви кои доаѓаат со намера да наштета.

– Им порачав да не бидат вовлечени во такво нешто. Тие го разбраа тоа и семејството реагираше добро. Беа навистина вознемирени што се беше погрешно сфатено. Таткото на Новак посебно не сака да слушне за војна, фокусирани се на поддршка на мирот, – изјавил Тајли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни