Поврзете се со нас

Италија

Директорот на Аталанта: Беше донесена скандалозна одлука во корист на Интер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер уште еднаш покажа сила во Серија А и постигна четири гола во мрежата на Аталанта, но пред да го отвори резултатот, вреди да се напомене дека гостите од Бергамо беа тие кои ја погодија мрежата на Зомер.

Сепак, погодокот на Де Кетелар беше поништен поради играње со рака на Миранчук, па иако од повторените снимки добро се гледа дека навистина топката заврши во раката на фудбалерот на Аталанта, директорот на „Ла Деа“ излезе со навистина бурна изјава и неочекуван осврт.

Директорот Лука Перкази го оправда Гасперини кој реши да не одговори на повиците за интервјуа по крајот на натпреварот, па самиот тој реши да распали по судијата и луѓето во ВАР собата.

– Тешко е да се коментира ваков натпревар. Игравме против многу силен тим, честитки до Интер кој е заслужено прв на табелата. Резултатот е навистина разочарувачки за нас, но до него дојде после низа сериозни грешки од судијата и луѓето во ВАР.

– Водечкиот гол на Де Кетелар за мене е неразбирливо поништен. И покрај сите снимки кои ги имаат, направија голот да не биде валиден и тоа е скандалозно. За мене тоа беше чист гол, Миранчук не сакаше да ја удри топката со рака, а покрај тоа Бастони се удри во него и требаше да има и пенал, – изјави Перкази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни