Поврзете се со нас

АТП

Директорот на АО е убеден дека Надал се враќа во јануари: Внимателно го следам…

Објавено

на

Рафаел Надал подолго време нема настап на големата сцена, поточно повредите со повредите му ја уништија оваа сезона, година во која последниот меч го имаше на Австралија Опен.

По мечот со Мекензи Мекдоналд на кој и се повреди мораше да направи пауза, пауза која трае со тоа што самиот Рафа најави дека подобро се чувствува и дека во наредниов период ќе објави кога ќе може да се очекува неговиот кам-бек.

Директорот на АО, Креј Тајли е убеден дека Шпанецот ќе биде активен во Мелбурн на почетокот на 2024 година.

-Рафаел тренира, јас го следам внимателно, веројатно секој ден, бидејќи тој е важен играч за нашиот турнир. Тој сака да игра, очигледно дека планира да игра. Се зависи од тоа како ќе се извлече. Се надеваме дека во наредната недела или две ќе добиеме конкретна потврда за тоа. Сигурен сум дека Рафа ќе биде тука бидејќи нема да ја пропушти можноста да го повтори она што го направи пред неколку години, -порача Тајли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни