Поврзете се со нас

Италија

Директор на Милан: Се обидовме да доведеме две големи имиња, но ја загубивме битката со Реал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан последните неколку години успеа навреме да открие и да ангажира квалитетни имиња, со нивна помош стигна и до скудето, но фановите посакуваат многу повисоко ниво од актуелното раководство.

Техничкиот директор Џефри Монкада открил дека пред неколку години, италијанскиот клуб се обидел да ангажира две актуелни ѕвезди на Реал Мадрид, но во двете ситуации ја загубил битката со шпанскиот ривал.

– Се обидовме да го добиеме потписот на Винисиус и Белингам, но не можевме да се бориме со Реал Мадрид, – признал Монкада.

– Мора да ја прифатиме актуелната разлика меѓу двата клуба.

–  Но, Милан доведе многу големи играчи последните години и како поранешен скаут, мора да истакнам дека е посебно задоволство да ангажирате потценети играчи и да ги видите како тие играат на највисоко ниво во вашиот клуб, – вели членот на актуелното раководство на „росонерите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни