Италија
Директор на Милан поднел оставка поради несогласувањата со Ибрахимовиќ
Златан Ибрахимовиќ има важна функција во раководството на Милан, но тоа очигледно му носи и конфликтни ситуации со дел од колегите, чија задача исто така е да работат во корист на напредокот на „росонерите“.
Италијанските медиуми тврдат дека досегашниот спортски директор Антонио Д’Отавио решил да поднесе оставка на функцијата, а причина за такво нешто се последните несогласувања со Швеѓанецот.
Д’Отавио е дел од Милан од 2017 година и важеше за најблисок соработник на Џефри Монкада, а со Ибра имал различни ставови во однос на иднината на првиот тим, но и младинските категории.
Милан се уште не ја потврдил информацијата, но медиумите сметаат дека нема многу дилеми околу постоењето на конфликтот и одлуката на Д’Отавио, додека Ибрахимовиќ и останатите директори ќе продолжат да ги извршуваат своите функции.
„Росонерите“ сезонава немаат најдобри резултати во Серија А, а во ЛШ утре ќе бидат фаворити на дуелот со Црвена Звезда.
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП23 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП19 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Артета: Ако од 1000 натпревари мораш да загубиш еден…