Поврзете се со нас

Италија

Директор на Лацио потврди разделба со двајца фудбалери, но и неизвесност за статусот на Тудор

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио се најде во неочекувана ситуација, па покрај разделбата со неколку фудбалери, може да остане и без тренерот Игор Тудор.

Хрватот дојде како замена за Маурицио Сари на неколку месеци пред крајот на првенството, но сега медиумите го поврзуваат со Болоња и испразнетото место на Тиаго Мота.

Спортскиот директор Анџело Фабијани зборувал за актуелните трансфер проблеми на римскиот клуб, а го споменал и Тудор.

– Ја разгледуваме понудата и шансите Луис Алберто да го напушти Лацио се големи. Тоа е она што го сака фудбалерот и ќе се обидеме да го направиме среќен, – рекол Фабијани, во насока на понудата на катарски Ал Духаил да плати 10 милиони евра за Аргентинецот.

Тој го коментирал и статусот на Даичи Камада, кој веќе преговара со Кристал Палас.

– Лацио нема да биде уценуван од никого, им покажавме каде е вратата на агентите и дека веднаш може да си одат заедно со фудбалерот. Ако ги исполневме нивните барања, тој ќе имаше право да замине за отштета од 100 евра, – вели Фабијани.

– До денеска Тудор е наш тренер, не треба да ги вадиме зборовите од контекст, – кратко одговорил спортскиот директор за иднината на хрватскиот стручњак, кој очигледно се уште не потврдил дека ќе остане на „Олимпико“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни