Поврзете се со нас

Италија

Директор на Јувентус го објаснил отказот за Алегри и одбивањето на понудите за Бремер

Објавено

на

Фото: https://www.juventus.com

Јувентус влегува во новата сезона со Тиаго Мота на тренерската позиција, а фановите со нетрпение ќе ги очекуваат промените во однос на ерата на Макс Алегри, кој добиваше многу критики поради стилот на игра, па и постигнатите резултати во вториот дел од претходната сезона.

Алегри заработи отказ по освојувањето на Копа Италија со Јуве, а Извршниот директор Маурицио Сканавино реализирал интервју со „Тутоспорт“, во кое зборувал на различни теми, меѓу кои и отказот за трофејниот стручњак.

– Крајот на соработката беше неочекуван. Имавме втор дел од сезоната кој не беше лесен во однос на постигнатите резултати, а потоа дојде и неговата реакција по триумфот во Купот, по што решивме дека е време да ја завршиме соработката.

– Желба на двете страни беше да се најде заеднички договор и тоа беше направено и можам да тврдам дека задржавме повеќе од коректни односи со Алегри и покрај неговото заминување, – вели Сканавино.

Тој се обидел да го објасни и новиот пристап на клубот во однос на трансферите.

– Мора да бидеме конкурентни за освојување на трофеи со задржување на финансиската стабилност. Сакаме да бидеме претенденти за сите трофеи, но со поголема грижа за трошоците, што не значи дека ќе размислуваме само за профит од трансфери. Класичен пример е тој со Бремер, кој имаше многу понуди, но ние му го продолживме договорот. Ќе направевме профит со продажбата, но неговото заминување сериозно ќе не ослабеше како тим, од тој аспект мораме да имаме квалитет за да им парираме на ривалите, – рекол Сканавино.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни