Поврзете се со нас

Германија

Директор на Баерн за иднината на Дејвис: Никој не сака да губи фудбалери без отштета

Објавено

на

foto:twitter.com/AlphonsoDavies

Макс Еберл беше именуван за нов спортски директор на Баерн Минхен, а наредниве месеци треба да излезе на крај со три важни решенија за иднината на клубот.

Покрај именувањето на наследник на Томас Тухел, Баерн треба да го реши статусот на Јосуа Кимих и Алфонсо Дејвис, фудбалери на кои договорите им истекуваат во 2025 година.

Еберл за медиумите го искоментирал статусот на Дејвис, за кого се тврди дека веќе има договор со Реал Мадрид и планира да го напушти Минхен во јуни.

– Претставници на Баерн веќе имале состанок со неговите агенти и јас ќе продолжам со тие преговори.

– Ниеден клуб не сака да ги губи фудбалерите без отштета, мора да видиме кое ќе биде најдобро решение, – изјавил Еберл.

Шпанските медиуми го споредуваат статусот на Дејвис со тој на Тони Крос во 2014 година, кога Германецот реши да не го продолжи договорот со Баерн и замина во Реал за мала трансфер сума.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни