Поврзете се со нас

Германија

Директор на Баерн со порака за една ѕвезда: Потезите на Дејвис и Мусиала се јасен сигнал и за него

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Новиот договор на Џамал Мусиала со Баерн Минхен е одлична вест за бундеслигашот и неговите фанови, а раководството се надева дека ова ќе биде важен сигнал и за уште една ѕвезда чиј договор истекува наскоро.

Извршниот директор Јан-Кристијан Дресен во изјава за „Билд“ изразил оптимизам дека потегот на Мусиала, а претходно и на Алфонсо Дејвис ќе го следи и Џозуа Кимих.

Кимих засега не одлучил дали ќе остане во Баерн, а за него се интересираат голем број европски клубови.

– Сигурен сум дека Кимих ги забележува овие важни потези.

– Тоа се јасни сигнали дека имаме големи планови за екипата, нашите амбиции се да атакуваме на најпрестижните трофеи дома и на меѓународно ниво. Мора сам да донесе заклучок, а јас се надевам дека и тој ќе реши да остане во Баерн, – рекол Дресен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни