Поврзете се со нас

Германија

Дирекот сречи нов шок за Баерн, Чурлинов доби 30 минути (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен дефинитивно не игра во препознатлива форма по кратката зимска пауза и делува доста понеефикасно на теренот на стартот на оваа 2021-ва година, без оглед на тоа што вечерва успеа да стигне до нови три бода во Бундеслигата за одржување на предноста во однос на Лајпциг.

По шокот од Кил и срамната елиминација во Купот, Баерн многу се мачеше против Фрајбург изминатиов викенд и победи со минимални 2:1, а вечерва одново разликата на теренот ја направи еден гол, и тоа постигнат уште во раната фаза.

Европскиот шампион поведе на гостувањето кај Аугзбург со голот на Роберт Левандовски од пенал во 13-та минута, но и покрај тоа што имаше повеќе од играта и создаде доста повеќе шанси од домаќинот, на крајот трепереше за трите бода и едвај дојде до нив.

Аугзбург се избори за пенал во 76-та минута и истиот беше досуден поради играње со рака на Павар, но Финбогасон успеа да го измами Нојер, но не и дирекот кој се испречи во обидот да израмни на 1:1.

Исланѓанецот пропушти златна шанса за реми на десетина минути пред крајот на натпреварот, по што неминовен беше поразот со минимална негатива од бранителот на титулата во Бундеслигата.

Од останатите средби, вреди да се издвои веста дека нашиот Чурлинов ги одигра последните 30 минути од натпреварот на неговиот Штутгарт, кој за жал на гостински терен беше надигран од Арминија со 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни