Поврзете се со нас

Италија

Дирекот спречи деби-гол на Дибала, амбициозната Рома тргна со „минималец“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома има далеку поголеми амбиции во новата сезона со сите големи засилувања кои ги донесе, без оглед на тоа што Жозе Мурињо посочи дека неговиот тим не може да се смета како кандидат за титулата.

Играчи како Матиќ, Дибала и Вајналдум дефинитивно го зголемуваат квалитетот кај „волчицата“, но интересно беше тоа што од тројцата, само Аргентинецот се најде во стартната постава во првото коло во Серија А.

Мурињо се одлучи за претпазлива постава против Салернитана на гостувањето, а Португалецот може да жали што неговиот тим не обезбеди далеку посигурна предност во првото полувреме.

Рома беше многу подобра во овој дел од играта и поведе со голот на Кристанте, а дирекот спречи деби гол на Пауло Дибала во новиот дрес.

Матиќ и Вајналдум добија шанса во вториот дел, во кој домаќините беа похрабри и подобро парираа против фаворизираниот противник. На крајот, резултатот не се менуваше, па Рома со „минималец“ и три бода ја отвори новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни