Поврзете се со нас

Англија

Диого Жота му пресуди и на Арсенал и го однесе Ливерпул во финалето од Лига Купот (Видео)

Објавено

на

Португалскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Диого Жота се специјализираше за клучни голови за својот тим во Лига Купот.

Откако беше клучниот играч во натпреварот со Лестер, Жота и денеска беше човекот на одлука во вториот полуфинален натпревар против Арсенал.

Ливерпул славеше со 2:0, а стрелец на двата погодоци беше токму португалскиот офанзивец кој ги искористи асистенциите на Трент Александер Арнолд и два пати, по еднаш во двете полувремиња го матираше Рамсдејл.

Во финалето од Лига купот, тимот на Ливерпул ќе се соочи со Челси  во дерби пресметката која сигурно ќе донесе големи возбудувања на „Вембли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни