Поврзете се со нас

АТП

Дино Раѓа со жесток речник застана во одбрана на Новак

Објавено

на

Прославениот хрватски кошаркар, Дино Раѓа е еден од ретките кои застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по цела збрка која се случи со организацијата на турнирот „Адрија Тур“.

Откако Григор Димитров беше позитивен на коронавирусот, деталните испитувања покажаа дека од овој вирус се заразени неколку тенисери меѓу кои и самиот Новак Ѓоковиќ.

Светската јавност упати жестоки критики на адреса на Ѓоковиќ кој беше главен организатор на турнирот, а остри критики има и во Хрватска каде што беше одржан турнирот.

Сега со свој став се јави и Раѓа кој во свој стил, без влакна на јазикот застана во одбрана на еден од најдобрите балкански спортисти на сите времиња.

– Неверојатна количина сер**е по Новак овие денови. Натпревар за тоа кој повеќе ќе го оцрни.

– Човекот стори се што може да ни помогне нас Хрватите да се промовираме и да се обидеме да спасиме барем дел од сезоната. И, секако биди добар изеди го**о.

– Дали имаше грешки, секако дека да. Но во прв ред Димитров и организацијата, а па дури потоа учесниците.

– Како споредба погледнете ги кафетериите, ноќните клубови за викенд, натпреварите, седниците, јавниот превоз.. Се е полно со луѓе и никој не носи маски, ниту се држи дистанца.

– Но секако дека не е основа да се се**е по Анте и Мате. Затоа по Новак удри од сите оружја. А човекот го ризикуваше своето здравје за да ни направи нешто нас, -стои во дел од објавата на Дино Раѓа на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни