Поврзете се со нас

АБА лига

Дино Раѓа: Не знам кој се уште гледа АБА лига, отиде во погрешен правец

Објавено

на

Легендарскио ас, Дино Раѓа не е задоволен од тоа во кој правец се движи АБА лигата, најквалитетното регионално натпреварување на овие простори.

Поранешниот член на Бостон Селтикс смета дека лигата го загубила вистинскиот правец со ангажманот на многу странци кои го уништуваат развојот, напредокот на домашните играчи.

-Јас од поодамна говорам дека во моментов не сме подготвени да играме АБА-лига. Отиде во погрешен правец. Требаше да биде лига во која играчите ќе се развиваат и напредуваат, што е поголема конкуренцијата, тогаш профитот би бил поголем. Меѓутоа АБА се претвори во тоа кој клуб има повеќе пари и кој ќе донесе повеќе Американци.

-Не гледам никаква смисла за хрватската кошарка, ниту пак за било кој друг. Прочитав дека во моментов во лигата играат околу 40 Американци, тоа се четири комплетни екипи, навистина лудо. Еден или двајца, разбирам, ама пет-шест во секоја екипа тоа е без врска. Играат меѓусебе, а тоа нема никаква корист за другите играчи. Не знам кого тоа го интересира, не се сеќавам кога последен пат сум гледал некој натпревар од АБА-лигата, -истакна Дино Раѓа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни