Поврзете се со нас

Лига на нации

Дињ со животна партија се претвори во херој за Франција на „Сан Сиро“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Лукас Дињ денеска го украде шоуто на „Сан Сиро“ и се претвори во неочекуван херој за „триколорите“, откако Франција успеа да и се реваншира на Италија и да слави победа со 1:3.

Ваквиот расплет на настаните на крајот направи Франција да биде таа која ќе патува како прва во четвртфиналето, што значи дека Италија сега ќе добие ривал кој завршил прв од останатите три групи во Лигата А во Лигата на нации.

Натпреварот на „Сан Сиро“ беше отворен со гол на Адриен Рабио по асистенција на Дињ, а левиот бек покажа дека игра животна партија со извонреден шут од слободен удар за 0:2.

Ова беше голем удар за Италијанците кои по првиот примен гол преминаа во офанзива, но избраниците на Спалети не се поколбеаа и сепак успеа да постигнат еден гол до крајот на полувремето.

Камбијазо го дочека центаршутот од Димарко и внесе огромна неизвесност во директната пресметка за првото место во групата, но многу работи станаа појасни кога Франција и по третпат постигна гол од прекин.

Италијанеците повторно немаа решение за тандемот Дињ-Рабио, па во сценарио кое многу потсетуваше на она од првиот дел, играчот за врска ги постави конечни 1:3.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни